March 2, 2024

Мики и Мини Маус од денеска се слободни за употреба, остануваат заштитен знак на Дизни

Од денеска 1 јануари 2024 година најпознатиот лик на Дизни, што му помогна на креативниот илустратор Волд Дизни да направи успешна корпорација станува светска сопственост . Или, како што велат познавачите, влегува во јавниот домен. Ќе биде достапна за јавна употреба.

Ова се должи на американскиот закон за авторски права, кој предвидува авторските права да се задржуваат 95 години. Заедно со Мики Маус, Дизни ги губи заштитните права и на многу познати книги, филмови и музички композиции.
Мики Маус се „роди“ во цртаниот филм „Пароброд“ во 1928 година, па по скоро еден век, станува дел од јавното културно богатсво.

Мики Маус од 1928 година во цртаниот филм „Вили од Паробродот“ / Steamboat willie


Ова не значи дека било која компанија може да го употреби Мики или било кој друг лик како сопствен заштитен знак, ниту дека може да прави реклами со ликовите, туку дека за било какво емитување во јавноста нема да добие фактура за емитување или користење. Но, се работи за правата верзија на Мики Маус, којашто досега има неколку промени за кои Дизни сеуште ги поседува заштитните права, а тоа подразбира дека ако тие почувствуваат дека на било каков начин го нарушувате имиџот на компанијата, ќе ви следува тужба и парична казна. Се по закон.


1077