March 2, 2024

Два земјотреси ги отрезнаа јапонците од новогодишните празнувања

Засега нема големи оштетувања, но се очекуваат промени

Земјотрес со прелиминарна јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја зафати провинцијата Ишикава, во Јапонија. Експертите стравуваат од силно цунами, се очекува бранови во висина преку 5 метри да го удрат брегот.

Според информациите од Американското биро за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот бил на 42 километри југозападно од градот Анамизу и на 51 километар северозападно од градот Такаока. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. По овој земјотрес, во областа е регистриран и уште еден со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој бил на пет километри од градот Анамизу.

Според Јапонската метеоролошка агенција, предупредувањето за цунами е издадено за крајбрежните региони на префектурите Ишикава, Ниигата и Тојама. Луѓето кои живеат во крајбрежните области се повикани брзо да се евакуираат јави јавната телевизија NHK и да останат на место додека не се укинат сите предупредувања.


1077