March 2, 2024

Општина Охрид за прв пат после долги години има НУЛА долг, Градоначалникот Пецаков успеа за половина мандат да го врати затекнатиот долг од 14 милиони евра

Градоначалникот Пецаков најави дека при преземањето на раководењето Општината ја затекнале со вкупен долг од околу 14 милиони евра. 

Општина Охрид за прв пат после долги години има НУЛА долг по основ на судски извршни решенија и од денес се вбројува помеѓу малкуте институции во Македонија која нема заостанат долг. Градоначалникот Пецаков најави дека при преземањето на раководењето Општината ја затекнале со вкупен долг од околу 14 милиони евра. 

“Посветената работа вроди со плод во начинот на прибирање на приходите на Општина Охрид. Зголемувањето на приходите од повеќе ставки и домаќинското работење придонесе враќање на вкупниот долг што го имаше Локалната самоуправа кој изнесуваше околу 14 милиони евра. Она што се чекаше за да може да се официјализира одблокирањето на Општина Охрид беше одлуката на Владата на Република Македонија со која долгот од некогашното меѓуопштинско претпријатие МЈП „Проаква“,  кој припадна на двете општини, се брише и станува основачки влог на државата во ДЈП „Колектор“ истакна Пецаков

Пецаков подвлече дека општина Охрид во изминатите нешто повеќе од 2 години имала самостојно без помош вратено 30% од вкупниот долг.

“Чесно е тука да се поздрават и споменат напорите кои биле вложувани во минатите десетина години на локалните раководства за раздолжување на општината и 8те милиони евра кои Владата на Република Македонија ги додели на Општина Охрид со единствена намена за раздолжување градот чиј долг во еден период изнесувал околу 33 милиони евра”, додаде охридскиот градоначалник.

Градоначалникот на Охрид најави дека по конечното раздолжување на Општината започнуваат попосветено да работат и на раздолжувањето на општинските јавни претпријатија. 


1140