Врнежи од снег преку викендот, од понеделник утрински ниски температури

Врнежи од снег викендот ќе има низ целата држава на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
Во дел од котлините утре ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има врнежи, кои во пониските места ќе бидат најпрвин од дожд, а потоа ќе преминуваат во снег. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува, соопштија од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.