March 2, 2024

„Јовески ПУШТЕН НИЗ ВОДА како Вилма Русковска и Катица Јанева“

Slika

Повлекувањето на предлогот Љубомир Јовески за уставен судија е голема победа на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Постојано укажувавме за штета што може да ја направи овој човек ако биде избран за уставен судија бидејќи неговата работа како републички јавен обвинител беше слабо оценета и довербата во судството беше на ниско ниво, вели корооринаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски за поранешниот Јавен обвинител.

Мицевски во интервју за „Република“ вели дека се изгубиле три години и дека тој е пуштен низ вода.

СДСМ така работи со сите истрошени кадри во своите редови. Така беше со Катица Јанева која по употребниот период жената беше пуштена низ вода. Истото беше и со Вилма Русковска во моментот кога влезе во внатре коалициската битка беше пуштена низ вода. Сега гледаме дека по завршување на мандатот како Републички обвинител и после прикрувањето на сите криминали, злоупотреби и скандали и неотварањето на многу предмети, по заминувањето во пензија Јовески не им треба и не е предлог за уставен судија, додаде тој.

Мицевски нема дилема дека техничката влада ќе се избере која треба да има една задача а тоа е смирување на состојбите и подготовка на изборите.

Мицевски предупредува дека владејачкото мнозинство ќе се обиде да протне и да изгласа неколку важни закони кои во никој не треба да се носат набрзина и во пред избори.


1343