March 2, 2024

Ставен во функција ГИС-системот, во финална фаза системот за електронски постапки

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТИНА БИТОЛА

Општина Битола е во напредна фаза на реализација на проектот за дигитализација на Општината. Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека од вчера официјално е ставен во функција ГИС- системот (https://gis.bitola.gov.mk/nexuspublicportal/PublicPortal/Map).

Во моментов, се работи на тестирање на системот за електронски постапки, кој треба да го замени хартиеното водење на документацијата со електронско, а многу скоро, Општината ќе ја активира и услугата за електронска наплата на данокот на имот.

– Пренесувањето на административниот процес во електронска форма овозможува подобрување на ефикасноста и на брзината на работа во Општината. Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиов период, ќе помогнат за полесно проследување на документите, како и за поефикасна комуникација меѓу администрацијата и граѓаните. ГИС-системот е веќе достапен за граѓаните, системот за електронски постапки е во фаза на тестирање пред финалното ставање во употреба и веќе работиме на систем што ќе создаде можност за електронска наплата на данокот на имот, услуга за која граѓаните со години реагираат, поради неможноста да ја регулираат обврската електронски – вели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.


1145