March 2, 2024

Заводливата Моника Белучи го шармираше Париз! Оваа жена е ремек дело/ВИДЕО

EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Моника Белучи за неколку секунди докажа зошто е меѓу најубавите, најхаризматичните, најелегантните и најсексипилните жени на светот.

Познатата природна убавица Моника Белучи уште еднаш го увери светот дека ќе биде тешко некој друг да го заземе нејзиното место, бидејќи и на 60 години успева да остави без здив и да маѓепса со својата убавина и грациозност.

Италијанската филмска дива го привлече вниманието на неодамна завршената Модна недела во Париз, а беше меѓу гостите и на церемонијата „Diner De La Mode“ со која беше затворена престижната модна манифестација.

Нејзиното модно издание масовно се коментира на социјалните мрежи, а видеото кое познатата убавица го објави на својот профил на Инстаграм навистина ве остава без зборови.

Моника носеше елегантен црн фустан кој ги истакна нејзините атрибути и чевли со вртоглави потпетици, а многумина беа воодушевени од фризурата, која ја создаде познатиот фризер Џон Нолет, со кој се појави во јавноста на овој настан, заедно со нејзиниот емотивен партнер Тим Бартон.


1079