March 2, 2024

ЕУ попушти под притисок на протестите на фармерите- привремено се откажува од една од мерките

Slika

Потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ја опиша одлуката како „рака на помош“ за земјоделскиот сектор во тешки времиња, пишува Гардијан.

Наведувајќи ги поплавите, шумските пожари во Грција, топлотните бранови низ јужна Европа и сушата во Шпанија, тој рече дека е важно да се слушаат земјоделците и „да се избегне поларизацијата што го отежнува секој разговор и дебата“.

„Чувствуваме дека имаме обврска да дејствуваме под овој притисок што го чувствува земјоделската заедница“, рече тој. „Имавме бројни екстремни временски настани, суши, поплави во различни делови на Европа и имаше јасен негативен ефект врз производството и намален приход за земјоделците“, вели тој.

Според претходно предложените регулативи, земјоделците требаше да задржат 4% од обработливото земјиште во обид да го обноват здравјето на почвата и да го зајакнат биодиверзитетот, кој исто така е во криза.

Сепак, според новите предлози, од земјоделците нема да се бара да одвојуваат земја до 2025 година.

Промената доаѓа во време на големи протести на земјоделците ширум Европа, при што пристаништето Зибриж е блокирано во Белгија, а протестите продолжуваат во Франција и Италија.

Земјоделците досега не беа импресионирани од брзите решенија што ги нудат политичарите во Брисел. Тие се загрижени за високата цена на земјиштето, притисокот од големите трговци на мало да ги намалат цените и голем број нови еколошки правила кои доаѓаат во форма на закони на ЕУ за природата.

Запрашан дали денешната отстапка ќе биде доволна за да се запрат протестите, Шефчович вели дека ЕУ морала да го „интензивира“ дијалогот со земјоделците за да се увери дека ќе бидат сослушани и нагласи дека во иднина сепак ќе треба да се грижиме за екологијата. „Мораме да се погрижиме Европа да стане континент за живеење и во иднина“, заклучи тој.


1032