April 16, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛИ ПАРТИСКИОТ СЕКРЕТАР НА СДС БИТОЛА, ГОРДАНА АНАСТАСОВА ЈА ВРАБОТИ ЌЕРКАТА ?

Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ја пренесуваме во целост:

Нема запирање и нема крај.
Непотизмот останува до последниот ден главна одлика на СДС.
Расипничкото однесување на СДС кулминира и кој знае уште што се се подготвени да направат пред огромниот претстоен изборен пораз.
Од првиот ден до последниот ден, буквално грижа и напор број еден им е вработување на најблиските од фамилијата или пријателите.
Дали ВД директорката во основното училиште “Св. Климент Охридски” и локален партиски секретар во СДС Гордана Анастасова, си ја вработи во Библиотеката Св. Климент Охридски – Битола, ни помалку ни повеќе, својата родена ќерка, од позицијата секретар во локалната СДС.
Завршуваат точно како што почнаа, со криминал, корупција, со непотизам – вработување на браќа, сестри, сопрузи, синови, ќерки !
Сега пак уште и многу им се брза, свесни дека не им бега долга, долга опозиција.
Сигурни сме дека тоа ќе им биде “наградата” од граѓаните на 8 мај!


1144