April 25, 2024

КЗБ бара eпидемија на голема кашлица за Скопје и забрана во градинка за невакцинирани со Ди Те Пер

Епидемија на голема кашлица во Скопје и забрана во градинки на невакцинирани со Ди Те Пер. Овие препораки ги даде Комисијата за заразни болести откако веќе има 18 потврдени случаи на пертусис и четири деца кои се хоспитализирани на Детска и во Козле.

 Ова звучи страшно, но реално треба да ни олесни во справување со ризикот кој доаѓа со болеста голема кашлица. Очекуваме да излезе упатство за постапување во услови на епидемија од Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини. Нивото на вакцинирани за пертусис не е на задоволнително ниво, вели проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.

-Во моментот нема епидемиолошки потврдено пренос на пертусис од случај на случај. Тоа значи дека сите случаи се изолирани. Сега е вистинското време да се преземат конкретни чекори за да не дојде до создавање на кластери, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Со првите три дози на Ди Те пер опфатот е околу 84 проценти а за првата ревакцинација под 70 што е загрижувачки податок и подлога за уште повеќе заболени со опасната магарешка кашлица. Меѓу досега заболените има и 4 годишно дете кое иако ги примило сите дози, сепак, покрај хроничната дијагноза и намалениот имунитет заболел и од пертусис.

-Единствено е проблем во семејство каде што има бебе, каде што има новороденче и ако има заболено некое братче, тогаш се дава профилакса на членовите на тоа семејство, вели д-р Кети Ставриќ – имунолог

Не сите што кашлаат треба да одат да бараат ПЦР тест преку кој се потврдува пертусис, апелираат лекарите. Има индикации за болеста и оние кај кои е потврдена треба да бидат изолирани најмалку 5 дена. Но кога ќе биде прогласена епидемија за да стапат овие мерки на сила, не знаат од Комисијата за заразни болести. почке повикувањето на сите невакцинирани

– Ние сме стручни лица и кажуваме за ова што дискутираме. Даваме предлог и ако им е значајно во Влада ќе утврдат, вели Д-р Фадил Цана директор на Клиника за Инфективни болести

Една од препораките на Комисијата е и организирање на работата во вакцинаните пунктови во две смени и дополнително, во сабота да примаат деца за вакцинација.


1037