March 2, 2024

Македонските државјани во странство како Том Хенкс во филмот „Терминал“

Македонските државјани кои се во странство а кои поседуваат патна исправа која гласи на името „Република Македонија“ ќе може да ги користат уште три дена заклучно со полноќ на 12 февруари. Потоа за да може да се вратат во земјава ќе мора да добијат патен лист во најблиското дипломатско конзуларно претставништво (ДКП).

За таа цел шефот на дипломатијата, Бујар Османи, на денешниот брифинг соопшти дека во ДКП каде што има огромен наплив од апликации за нови патни исправи или пак во државите каде има голем број македонски државјани ќе се испратат дипломати на испомош, ќе се воведе двосменско работење и во текот на викендот а во државите каде е критично и две нови мобилни станици за издавање на пасоши.

Според Османи состојбата е критична во Германија, Италија и Швајцарија, а голем број на барања има и во САД, Австрија и Словенија. Најголем број на апликации во моментов има во Конзулатот во Бон – 8.300, а во некои конзуларни претставништва во САД и Европа во дворовите секојдневно има и по неколку стотини македонски државјани кои се обидуваат да аплицираат за нова патна исправа.

„Терминалот“ е американски комедија-драма од 2004 година, продуциран и режиран од Стивен Спилберг, со Том Хенкс, Кетрин Зета-Џонс и Стенли Тучи во главните улоги. Филмот зборува за човек од Источна Европа кој е заглавен на терминалот на аеродромот Џон Ф.Кенеди. Филмот е инспириран од вистинска животна приказна. Спилберг решил да го режира „Терминал“ затоа што сакал да сними филм „кој може да не насмее и да плаче и да се чувствуваме добро за светот“.


1103