March 2, 2024

Концертот „Засекогаш во срцата“ најавен за 16 февруари во Центар за култура Битола

Центарот за култура- Битола во соработка со Камерниот оркестар го најави својот традиционален концерт посветен на Тоше Проески.

„Засекогаш во срцата“ не е само концерт туку патување низ спомените и музиката на еден од најголемите таленти на нашето време.

Концертот е закажан за 16 февруари, во 19.30часот. А в понеделник ќе може да се купат влезници. Од Центарот за култура во својата објава на Фејсбук информираат :

„Ве известуваме дека билетите за концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојс ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (12.02.2024), по цена од 400 денари, а истите ќе може да ги набавите од билетара на Центар за култура, Битола, од 11 до 21 часот.“

Извор: Центар за култура-Битола


1119