April 17, 2024

Дали Обвинителството ЌЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА КОВАЧЕВСКИ И СПАСОВСКИ за документите?

Дали Обвинителството ЌЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА КОВАЧЕВСКИ И СПАСОВСКИ за документите?

Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се креаторите на хаосот со роковите на важење на личните карти и возачките дозволи со тоа што свесно ги довеле граѓаните во трошок и им нанеле материјална штета, изјави пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека  иако Спасовски и Ковачевски знаеле дека од февруари 2024 години личните карти и возачките дозволи нема да важат, само заради договорот кој тие го потпишаа решиле да ги издаваат документите.

И Спасовски и Ковачевски до пред месец дена лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за вчера да мораме да одржиме итна седница во Собранието за да го спречиме хаосот кои тие го создадоа со донесување на законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи, истакна тој.

Според Јанушев двоецот на СДС – Спасовски и Ковачевски нанесоа материјална штета на десетици илјади граѓани.


1225