Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка

Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка

Калас во Русија се товари за „кривичен случај“, пишува денеска во соопштение на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Не се прецизира за какво кривично дело или прекршок се товари Калас.

Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура Симонас Кајрис.

Распишувањето потерници ги зголемува тензиите меѓу Русија и балтичките земји по нападот на Кремљ врз Украина.


1138