April 17, 2024

НАДАЛ ЗА ЃОКОВИЌ: Новак е добра личност, кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се лутам, тој е најдобриот тенисер во историјата

Шпанскиот тенисер и 22-кратен грен слем шампион Рафаел Надал кажа што мисли за лидерот во светската ранг-листа, 36-годишниот Новак Ѓоковиќ.

-Мислам дека Новак е добра личност. Кога ќе го видам неговиот успех, не сакам да се налутам. Би рекол дека е најдобриот тенисер во историјата. Неговото тело е подобро од моето, а тоа е исто така важно за играње на врвно ниво, изјави надал за „La Sexta“.

Претходно Надал се повлече од турнирот во Доха, каде што требаше да настапи за прв пат откако се повреди на стартот од сезоната во Австралија.

Шпанецот додаде дека ќе се обиде да се подготви за учество на турнирот од серијата Мастерс во Индијан Велс (САД), кој ќе се одржи од 4 до 17 март.

Фото: ЕПА


1172