Почитувани,

Денес сме пред НУ Завод и Музеј Битола и поднесуваме барање за пристап до информации од јавен карактер.

Во духот на транспарентноста и европските вредности како што е и проектотот Smart4You2. По втор пат ја повикуваме директорката да одговори на следните прашања.

Кој е проектниот тим од музејот во европскиот проект Smart4You2?

Дали вашиот сопруг е дел од проектниот тим?

Дали сметате дека не е конфликт на интереси што вашиот сопруг сте го номинирале да биде дел од проектниот тим?

Колку надворешни лица се ангажирани за имплементирање на проектот?

Дали е вистината дека во рамките на проектот сте склучувале анекс договори при реконструкцијата на Пациото?

Колку чини реконструкцијата на Пациото?

Директорке сега нема каде да бегате и да се криете во рок од 15 дена јавноста ги чека одговорите на овие прашања!


1094