April 17, 2024

Судот во Сплит ѝ го врати старателството на Северина над нејзиниот син Александар

Жупанискиот суд во Сплит ѝ го врати старателството на Северина над нејзиниот 12-годишен син Александар.

Имено, по пресудата на Врховниот суд и одземањето на старателството на Северина, дошло до (не)очекуван пресврт.

Жупанискиот суд во Сплит на седницата одржана на 6-ти февруари годинава, како што дознава Слободна Далмација, ја повторил претходната конечна одлука од 2021 година според која таткото и мајката на 12-годишното момче се обврзани спогодбено да ја вршат родителската грижа, заеднички и рамноправно. Со таа одлука суштински е поништена пресудата на Врховниот суд.

„Судот ја потврди својата претходна одлука, односно ја донесе истата одлука како и првиот пат и врз основа на одлуката на советот кој повторно одлучуваше за случајот. Кога Врховниот суд ја укина пресудата на Жупанискиот суд, ја врати на одлучување на Жупанискиот суд, каде одлучија детето да живее со секој од родителите по 14 дена“, изјавила за „Index.hr“ адвокатката на Северина, Јасминка Билош.

Северина и Милан Поповиќ со години се борат за старателството над синот. Поранешните партнери добија заедничко старателство во 2021 година, кога Жупанискиот суд во Сплит нареди заедничко старателство.

По 4 години, на 23-ти јануари 2024 година, Врховниот суд ја поништи одлуката на Жупанискиот суд од 2021 година. Само дваесетина дена откако одлуката на Врховниот суд предизвика голема бура во јавноста, Жупанискиот суд ѝ го врати старателството на Северина над нејзиниот син.


1083