April 16, 2024

По повеќе од 50 години вратена гитарата на Пол Макартни

Бас гитарата„ Хефнер“ Пол Макартни ја купил во 1961 година за 30 фунти. Последен пат беше видена во времето кога Битлси го снимаа албумот „Let It Be“.

„Хефнер“ изработена во облик на виолина исчезна во периодот кога Битлси се распаднаа, но сега повторно се појави по „глобалната потрага“.

Макартни за инструментот пред 63 години платил 30 фунти, што е сега еднакво на 800 фунти.

Потрагата по исчезнатата гитара беше започната од проектот „Lost Bass“ минатата година, кога студент сподели фотографија од инструментот на социјалните мрежи, тврдејќи дека ја наследил но и подоцна ја вратил на првобитниот сопственик.

„Го наследив овој предмет од моите пријатели и семејството но му беше вратен на Пол Макартни“, објави тој на интернет, пренесува РТС.

Басот на Макартни, кој сега може да вреди 10 милиони фунти, стана синоним за сестраниот музичар во раните денови на бендот. Купен е во време кога тогаш непознатата група обиколувала ноќни клубови во Хамбург, Германија на почетокот на 1960-тите.

Во соопштението на веб-страницата на Макартни се вели: „По лансирањето на минатогодишниот проект „Изгубен бас“, бас гитарата на Пол „Хефнер 500/1“ од 1961 година, која беше украдена во 1972 година, е вратена. „Хефнер“ ја потврди автентичноста на гитарата и Пол е неверојатно благодарен на сите што беа вклучени во акцијата“.

Макартни претходно изјави дека „се заљубил“ во инструментот бидејќи, за разлика од многу електрични гитари, тој имал симетрична форма.

„За околу 30 фунти го најдов овој „Хефнер бас“ во форма на виолина. Мене, бидејќи бев левак, ми изгледаше помалку чудно, иако беше симетрично. Кога го купив, се заљубив во него“, изјави 81-годишниот Макартни.

Низ годините, имаше различни теории за тоа што се случило со инструментот, како исчезнал, дали бил и каде е украден.


1057