April 17, 2024

Полициски дневник за претходните денови

На 24.02.2024 во времето од 23.00 до 03.00 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во соработка со ЈП Македонски Шуми во атар на с.Болно,ресенско кај м.в „Јамје” затекнато е патничко моторно возило марка „југо” без регистарски ознаки натоварено со 0.6 метри кубни огревни зелени дабови дрва без жиг и испратница управувано од Ф.Р.(38) и сопатници С.М. и И.Б. сите од Ресен.Дрвната маса и возилото се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошно постапување.

На 24.02.2024 во 01.25 часот во ОВР Ресен В.П.(31) од Ресен пријавил дека пред угостителски објект во Ресен бил физички нападнат од Д.К.(27) од с.Подмочани.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.02.2024 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница составена од ул„Прилепска“ и ул„Наум Наумовски Борче“ во Битола случена е сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „волсфаген пасат ” со битолски регистарски ознаки управувано од С.Т.(68) од Битола и сопатник Ј.Т.(67) од Битола и патничко возило„бмв” со битолски регистарски ознаки управувано од М.А.(29) од Битола и сопатници П.Ч.(55) и А.Х.(28) од Битола.Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола се здобил сопатникот П.Ч.,а со телесни повреди се здобиле М.А. и А.Х.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 23.02.2024 во 11.30 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(69) од Прилеп пријавил дека во пензионерско здружение бил физички нападнат од С.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


1140