Полн со себе си, како да е цел свет мој, патем има уште седум милијарди жители па така и неможе да биде само мој, ги напуштав, ги заборавав, повторно се вљубував па пак ги напуштав, некои драги девојки на кои тогаш не им ја знаев вредноста и не ја чувствував  нивната љубов и посветеност кон мене. Никогаш не се свртив кон нив, никогаш не им напишав нешто. Сега, кога ќе ги видам само во одминување ќе се поздравиме со неприметно климање на глава без големи и помпезни зборови “Не си сменета” или “Остала си увек иста” како и кај легендарните Индекси.

Во обид да го пронајдете идеалниот за себе само губите време и чувства. Ниту едното ниту другото неможете повеќе да го надохнадите. Тој некој не се бара, тој некој доаѓа онака случајно, додека си уште мамурен од некоја скорешна заебанција, разочаран у се и сешто и се ти смета. Од некоја заебанција која само ти оставила за спомен уште една бора на челото и уште еден бел прамен во ионака црната и некад густа коса. Заебанција во која освен борите е останата допола испиена чаша и омот од чоколадо, исто као и кај “Наташа” од Последња игра лептира.

Доаѓа пополека, без да ја допира земјата, со коса како случајно префрлена на страна, со голема црна марама околу врат и бела кошула над избледените фармерки, во плити бели старки Чак Тејлор  и мал црн кожен ранец на грб.  Како цел живот да го носи во него. И тогаш го слушаш она што си го сонувал “Ајде да живееме, да лудуваме, да шетаме, па кога се тоа ќе го направиме да се смириме и идеме на Монпарнас да го видиме Париз како се буди. Живеј, шетај, уживај, тоа го имаш заслужено, али јави се кога ќе доаѓаш. Да не се грижам и вечерата да биде готова”.

И што човек може да одговори на се тоа осим да се сврти од врата и каже “Уште не си спремна… побрѕај. Ќе задоцниме на авион”

Е тоа почитување и давање на безгранична слобода и љубов треба да го чуваме и негуваме.

Владимир Милетиќ


1266