April 17, 2024

НЕВИДЕН ДИЛЕТАНТИЗАМ НА МАКЕДОНСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Последниве неколку недели ја доживуваме можеби најголемата бламажа и национално понижување што ни го приреди ненародната коалиција на власт (СДСМ-ДУИ) – сега небаре со преодна влада, но со очајнички, речиси анимален порив да дограби што преостана да се дограби и да не омаловажи и дома, но и на меѓународен план.

   Сагата со документите со историското име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА истече на 12 фебруари (така Никола Димитров и Коѕијас си се договориле и го парафираа со своите потписи за нашата капитулација во преспанското село Нивице пред пет години). Власта, со име и презиме:  Министерствата за надворешни и внартрешни работи не најдоа за сходно да ги предупредат граѓаните, но и нашинците во дијаспората, дека се обврзни (според капитулантскиот договор од Нивице) да ги сменат пасошите, возачките дозволи, сообраќајните дозволи, личните карти и други документи со новонасаденото име на нашата татковина кое не сакам ни да го споменам. Соочени со можноста да бидат заробени како во кафез во сопствената држава, бевме сведоци на немили сцени како стари луѓе, мајки со бебиња и мали деца се туркаат пред станиците на МВР да се сликаат за да добијат потребни документи и тоа незнаено кога!? Немили сцени што овој чесен и племенит народ не ги заслужува, а што ни го приредија владата, а пред се не/професионалците во македонската полиција. 

   Новиот – технички министер за внатрешни работи Панче Трошановски донекаде ги потсреди работите и воведе извесен ред, но останува отворено прашањето со недостатокот на формулари и пасоши што МВР било должно на време да ги обезбеди, а не ги обезбедило!!!

   Проблемите не настанаа само заради неспремноста на власта, во прв план македонското Министерство на внатрешни работи, туку и заради тезата што ја наметна и упорно ја форсираше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по професија лекар, а глуми демек голем познавач на меѓународното право и меѓународните односи, дека:  капитулацијата од Нивице (која некои структури ја нарекуваат “договор”), била меѓународен договор што морало (???) да се почитува, а непочитувањето ќе штетело на угкедот на земјата!?

  А бре некадарници од власта (СДСМ-ДУИ), да ве прашам: па што ви е помило, вашите граѓани, или како ќе реагирала Грција (која е втората потписничка на капитулацијата од Нивице) и други? После толкуте зла што и ги нанесовте на сопствемата земја и нејзините граѓани – смената на Уставот и уставното име на земјата, државното знаме, пустошењето и душманското крадење на Буџетот и се што можеше да се присвои, и да не редам понатаму, зарем недостасуваше уште и ова – со документите?

  Па добро бе дилетанти и злосторници кон сопствените граѓани, зарем не гледате што се случува по светот во којшто владее невиден хаос? Па кој денес почитува меѓународни договори и меѓународно право? Зарем тоа што се случува во војната во Украина, интервенцијата во Газа и на уште неброени фронтови и конфликти е почитување на меѓународното право регулирано со меѓународни договори?

  Бујаре, министре, и Рибентроп потпиша меѓународен договор со Молотов за ненапаѓање на 23 август 1939 година, а само после година-две истиот беше прекршен со операцијата Барбароса и нападот на Советскиот Сојуз, а во таа војна според некои извори загинаа 27 милиони луѓе. 

 За каков меѓународен договор зборуваш Бујаре Османи?  И повторно да те запрашам докторе-нинистре: Што исполни другата страна (Грција) од тој фамозен и за нас крајно штетен договор? Ништо!!!

  Во една прилика тврдев дека меѓународната заедница сепак ќе има разбирање (да не речам симпатии) за нашата ситуација и проблемите со издавањето на документи со новонакалеменото име на држава. Впрочем, Грција не ја испочитува ни пресудата од Меѓународниот суд од Хаг која беше во прилог на Македонија, зарем не!? Тоа и конкретно го докажаа Швајцарија, Албанија, Косово… кои јавно соопштија дека нашите граѓани кои престојуваат во нивните земји можат слободно да го користат и да функционираат со старите пасоши.

  Не сакам за поверувам, но јанѕа ме јаде дека можеби и овој хаос со доцнењето и не/издавањето кокументи со новоте име е само уште една епизода од сценариото за разнебитување на Македонија и морлот и гордоста на македонците!?

  Има ли Господ да ги гледа овие малтретирањеа на кои сме изложене само заради лудириите на една соседна земја и нејзините спонзори и подржувачи во ЕУ, НАТО и на други дестинации, но и нивните поданици во СДСМ и ДУИ и тоа се заради најсветото што го имаме – името Македонија! Но сме издржале многу тешки искушенија во минатото и ке го издржиме и ова премрежје. Доаѓаат избори и нова политичка и национална пролет за нас македонците!!!

———————————————

  Патем. колку за информација, грчката држава му доелила 24 часовно обезбедување на екс-премиерот Ципрас (за да не му извршат атентат некои грчки фанатици и екрстемисти) бидејки се согласил во додавката што ни ја наметнаа во Нивице, дa содржи и името МАКЕДОНИЈА.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор


1110