April 25, 2024

Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, на 27.2.2024 г. на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, одржа промоција на ново набавена опрема за виртуелна реалност, прва купола за виртуелна реалност на поширокиот балкански простор, основа за Центар за виртуелнo инженерство.

На промоцијата покрај членовите на Универзитетскиот сенат и Управата и вработени на ФИКТ, присуствуваа ученици и професори од средните училишта од Битола, ИТ компании и други офцијaлни лица од општествениот живот во регионот.

Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски од име на раководството на Универзитетот истакна дека опремата за виртуелна реалност ќе овозможи нова димензија во наставата и истражувачката работа на УКЛО. Опремата во вредност од стотина илјади евра вклучува повеќе компоненти: комјутери, дронови, сензори, но секако најатрактивна и уникатна е куполата за виртуиелна реалност, којашто на средношколците и студентите може да им понуди поквалтетна обука и поквалитетна настава преку користење на технологиите на виртуелна реалност.

Претходно на редовни седници, Управата и сенатот на УКЛО донесена е Одлука за основање на универзитетски Центар за виртуелнo инженерство – ЦВИ, со седиште на ФИКТ. Деканот на факултетот, проф. д-р Благој Ристевски со задоволство истакнува дека куполите претставуваат извонредна платформа за едукативни презентации на различни теми, воедно ќе се користат и за ангажирање на студентите во интерактивни искуства за учење, за симулациски трениинг и други напредни мулти-сензорни искуства.

Куполата којашто има големи апликативни можности, покрај во редовната настава и истражувањата ќе се користи и во активностите на Алијансата КОЛОРС и ќе помага во трасирањето позитивни промени каков што е впрочем и Центарот за виртуелнo инженерство.

Инаку, основа на функционирање на Центарот за виртуелнo инженерство – ЦВИ е опремата што е обезбедена од Ректоратот на УКЛО, како придобивка од проектот SOLVE, финансиран од Европската Унија.

Извор: https://uklo.edu.mk


1148