April 17, 2024

Швајцарија на референдум ќе гласа за зголемување на пензиите, резултатот е неизвесен

Швајцарскиот сојуз на синдикати претходно предложи на постарите граѓани да им се исплати 13-та пензија за да се олеснат трошоците за живот во Швајцарија, каде што кириите се многу високи.

Оваа идеја била политички поддржана од партиите од левиот центар, но швајцарската влада и парламентот на оваа земја, која во моментов е наклонета кон десно, се спротивставиле на зголемувањето на пензиите бидејќи го сметаат за финансиски ризично.

Поддржувачите на планот тврдат дека пензискиот систем на Швајцарија е во добра состојба и дека зголемување на пензиите не само што е можно, туку и неопходно.

Противниците, од друга страна, тврдат дека зголемувањето може да доведе до повисоки даноци или намалување на јавната потрошувачка. Сметаат дека на некои побогати пензионери не им треба покачување.


1044