April 17, 2024

СДС НАМЕСТО ИЗБОРЕН ФОРМИРА КРИЗЕН ШТАБ ВО БИТОЛА

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

Почитувани,

Претседателот на битолската СДС, “тивкиот” Драган Крајовски неуспешно се евакуираше во Електростопанство на Македонија.
Логично, после пропадната евакуација единствена и последна шанса му остана
внатрепартиската борба за пратеници, која свој драматичен развој имала минатиот викенд во хотелот Молика.

Заради очајната состојба на СДС, генералниот секретар Зечевиќ, наместо изборен, формирал “кризен штаб” во Битола.

Ситуацијата покрај неуспешната евакуација на Драган Крајовски, дополнително ја влошила поделбата на пратеничките места.
За жал, ниту долгото состанчење, ниту виски и кубански пури, ниту напорите на Зечевиќ, не помогнале да се надмине распадот.

Единствено што му останува на генералниот секретар, видно незадоволен ги напуштил битолски сопартијци, свесен дека било каква промена во СДС не може да ги спаси од големиот пораз.

Никогаш не било полошо!
Важно е заедно да ги поразиме!
Важно е државата повторно да биде на граѓаните !


1077