April 17, 2024

СААТ КУЛАТА ОСВЕТЛЕНА ВО БОИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

По повод Меѓународниот ден на лицата со ретки болести, Саат кулата во Битола, вчера беше осветлена во боите кои испраќаат порака за поддршка на овие лица. На овој начин, Општина Битола, уште еднаш потенцира дека потребно е да се подигне јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, како и да им се помогне во полесно надминување на секојдневните проблеми.

Покрај ваквиот начин на поддршка, општината во соработка со други институции во градот, организираше повеќе настани посветени на овие лица, а преку Програмата за социјална заштита, на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и со поддршка од Советот на општината, од минатата година, обезбедени се 1.000.0000 денари за лицата со ретки болести.


1091