Таравари: НЕМАШЕ ДА СЕ ПОДЕЛИМЕ АКО СЕ СОГЛАСЕВ ДА ОДИМЕ СО ДУИ,

Таравари: НЕМАШЕ ДА СЕ ПОДЕЛИМЕ АКО СЕ СОГЛАСЕВ ДА ОДИМЕ СО ДУИ,

До ден денес луѓето ме прашуваат дали можеме да не се поделиме. Искрено кажувам и овде од Струга. Да, може да не се поделиме ако се согласев да одиме со ДУИ. Тогаш немаше да се поделиме, изјави на отворањето на изборниот штаб во Струга лидерот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

– Некои велат, ние самите сме му кажале на Арбен. Самите ги сменија муабетите последните денови, кога видоа дека не одам со ДУИ. Ако ние одевме сами ќе освоевме неколку пратеници, ВРЕДИ ќе добиеше неколку пратеници и ДУИ ќе победеше. Така да, ако одевме сами, 100% ќе обезбедивме победа на ДУИ. Како можевме да ја спречиме и да ја загрозиме, и сега го кажувам со целосна одговорност, да ја победиме ДУИ? Само ако бидеме сите заедно, додаде тој.

Според него после еден месец, ако го прашаат дали би го направил ова пак, ќе каже, да, би го направил, но не на 3 февруари, туку уште во декември.

– Згрешив што малку го одложив. Дејствијата што ги презема фракцијата што излезе од Алијанса, сега блиска до ДУИ, многу блиска до ДУИ, се надевам следната недела ќе објават јавно и ќе кажат дека ќе се правдаат дека ги немаат печатите. Јас од Струга денеска ќе им кажам. Нека излезат сами. Јас сум да ги потпишам тие листи што ќе ми ги донесат и ќе им ставам печат за да ги однесат во судот. Нека пробаат, нека излезат сами. Бидејќи секогаш велат, изгубивме во Тетово поради Арбен, во Боговиње поради Арбен, во Струга поради Арбен. Додека во Гостивар победиле тие, а не  јас. Затоа, еве ги повикувам: Не одете со ДУИ, одете сами! Донесете ми ги листите за пратеници, ќе ставам печат и потпис. Однесете ги во суд и сами излезете! Измерете се, видете колку тежите, се гледаме после 9 мај, изјави Таравари.


1284

Задолжително

Verified by MonsterInsights