April 17, 2024

ДОНАЦИЈА НА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА ЕКИПИТЕ ОД ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, попладнево имаше средба со претставници на екипите кои се натпреваруваат во општинската фудбалска лига. Како резултат на воспоставената добра соработка со општината, на денешната средба од страна на Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација на Македонија, беа донирани фудбалски топки за екипите од општинската фудбалска лига. Претставниците на екипите, се заблагодарија за поддршката од општината, а со градоначалникот разговараа и за досегашните вложувања во спортската инфраструктура, како и за моделот на идна соработка со општинскиот фудбалски сојуз.


1151