ИМА ЛИ КРАЈ НА ЛУДИЛОТО???

Се навршија две години од руската инвазија врз Украина, а мирот којшто сите ние добронамерни луѓе го посакуваме, a особено напатениот украински народ и милионите украинци кои беа приморани да ги напуштат своите огништа и да побараат засолниште ширум светот, не е ни на повидок. Наприотив, војната од ден на ден добива на жестина, а веќе се употребиуваат нови оружја со застрашувачка убиствена и разурнувачка моќ! Дури има закани и за употреба и на нуклеарно оружје што неминовно ќе води кон самрак на светот. Далеку било!

Неспорно е дека станува збор за неправедна војна што ја започнаа русите – војна пред се за територии, но не и само тоа!? А украинците пак, сосема оправдано си ја бранат својата земја и теритотија во меѓународно признатите граници.

Но, како да се дојде до таа цел, до траен мир и праведно решение на конфликтотр? Како? Има ли волшебна формула, или подобро речено добра волја да се дојде до таа цел? За жал. зборот мир многу ретко се слуша во меѓународните комуникации. Како што стојат работите во моментов, впечаток е дека сме многу, прилично многу далеку од решение за конфликтот и постигнување на праведно решение и траен мир! Лудилото на војната, за жал, продолжува со несмалена жестина.

Украинците, во очај заради непостигнување на посакуваните цели на бојното поле, му се налутија деновиве иа Папата Францис заради неговата изјава за швајцарска ТВС станица која ја протумачија како негово (на Папата) залагање да се предадат (?). Ваквото украинско толкување на зборовите на Папата веднаш беше демантирано од официјален Ватикан со укажување дека Папата ја повика Украина на прекин на огнот и храброст за преговори.: “Се молам да се најде малку храброст за создавање услови за дипломатско решение и праведен и траен мир”, ја цитираше изјавата на Папата званичен Ватикан.

И додека од Светата столица пристигнуваат пораки за мир и крај на страдањата на украинскиот народ и невидените разурниувања на земјата, наместо напори за постигнување мир, војната сосема очигледно добива на жестина, конфликтот се поочигледно се интернационализира со учество на странски фактор. Снабдувањето на Украина со веќе застарени технологии за војување и понешто најсовремени оружја и муниција е позната работа. Иако кај украинските сојузници и подржувачи се чувствува замор и заситеност од овој”neverending conflict” (конфликт без крај), сепак присутни се најавите за зголемување на буџетите за одбрана и за финансиска и воена помош на Украина која е жртва на воената агресија од Русија! Но, да не заборавиме: Украина е жртва (народски речено: жртвено јаре) и на таканаречениот запад којшто има свои интереси и цели кон Русија. Во тоа немам апсолутно никаков сомнеж!!!

Францускиот претседател Макрон неодамна најави можност за испраќање француски трупи во Украина, а полскиот МНР Радослав Сикорски отворено изјави дека војници на НАТО веќе се присутни на украинско тло. Со други зборови, конфликтот се интернационализира и веќе добива уште позастрашувачки димензии бидејки се заканува со директен воен судир Русија-НАТО. Кога веќе сме на таа тема, некако незабележено помина веста од минатата година дека, наводно, руски проектил погодил објект во којшто биле сместени инструктори од НАТО, при што загинале најмалку 330 НАТО-инструктори!? Дали е вистинита оваа информација или не, не знам, но знам дека присуството на странски (НАТО) војници дефинитивно ќе резултира со човечки жртви и од нивна страна. Воените средства за убивање немаат селективна моќ и погубни се за секој што ќе им се најде во непосредна близина.

Руските служби соопштија дека пресретнале комуникација на германски офицери од која јасно се наметнува заклучок дека Германија се подготрвува за војна!? Во Вашингот пак е во тек битката зо Конгресост за барањето на Претседтелот Бајден САД да додели помош од стотина милијарди долари за Украина (со парите би се финансирала воената помош, но и исплата на плети и пензии во Украина бидејки украинстата економија е скоро целосно уништена). ЕУ од своја страна најави за Украина 50 милијарди евра воена помош, но и средства за обнова на украинската економија.

Интересна појава во сето ова замешателство е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Немам никакви дилеми дека тој (Зеленски) е украинска варијанта за Зоран Заев, кој исцело се стави во слуќба на западот, од кога си се обезбеди со вили во Лондон, Флорида, Италија и каде не. Зеленски намести да се заложи за постигнување на праведен и траен мик, како што порача и папата Францис, упорно наседнва на заложбите на неговите сојузници и подржувачи од западот и се залажува и себеси, но и сопствениот народ со воена победа над непријателот и окупаторот (Русија). А украинскиот народ страда ли страда, а цивилните жртви и загинати војници веќе се бројат на десетици илјади.

Не треба човек да е воен експерт за да свати дека објективно гледано мисијата за Зеленски и неговите подржувачи од западот е н е в о з м о ж н а! За жал, така е и тоа го знаат и стратезите од НАТО , Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон, Париз…. Впрочем, дали некој од нив (од стратезите) ја разбрал и како ја разбрал изјавата нд вториот човек на Советот за безбедност на Русија Димитри Медведев, кој неодамна кажа: “Нуклеарна сила не може да биде пораџена во војна”. И сега што да се прави? дали оваа порака е разбрана или не баш? На ова се наврзува податокот од анализите на ЦИА дека “шанситер русите да употребат нуклеарно орује се 50%:50%”. Но очигледно е дека и понатаму се форсира продолжување на конфликторт и страдањата на украинскиот народ (Една македонска мудрост вели: Сто стапа по туѓ грб не болат!„). Дали јастребите од обете страни на Атлантикот ја имаат во предвид оваа порака, или ним не им е гајле(Една македонска мудрост вели: Сто стапа по туѓ грб не болат)!? Нуклеарен конфликт (не дај Боже) ќе не погоди сите на планетава. Кому му е цел и интерес од такво нешто? Ќе се загадат водите, ќе се уништи храната и тоа ќе биде крај на животот на планетата земја.

Додека го пишувам овој текст нов вид проектили од руската страна на фронтот, со 1,5 тони тежина и страотна разурнувачка моќ веќе се истрелани кон Украина. Што може допрва да следи во иднина од рускиот воен арсенал можеме само да претпоставиме. И да не заборавиме, кога веќе се обидуваме да ги презентираме фактите, да потсетиме дека другата страна (Русија) не е сама во овој конфликт и дека и нејзе обилно ја подржуваат со оружје и муниција Северна Кореја, Кина (со резервни делови за воената машинерија), но тајно или дискретно уште многу други земји.

На крајот, кога и да е, како секој конфликт во минатото, и овој судир ке м о р а да заврши на зелена маса за преговори. Сметам дека укринската позиција ке беше многу подобр а доколку се потрудеше овој конфликт воопшто и да не се деси, а штом се деси иште во раната фаза да се работи на изнаоѓање праведно решение за обете страни. Сега, за жал, последиците се катастрофални и на украинскиот народ ќе му треба многу децении да ги закрпи длабоите рани од конфликтот. Зошто, на пример, не извлекоа поука од нас, од Македонија како ги реши проблемите со коишто се соочубаше деведесетите години од минатиот век!? Мислам дека висока автономија на областите во источниот дел од земјатѕа со сите права на руски-говорното население можеше да помогне да не дојде до конфликтот. Но и евентуалното прогласување воена неутралност на Украина дефинитивно ќе влијаеше на релаксирае на расположението во Москва.

На идната влада на Македонија која е на повидок и предлагам да ги отвори срцата и ширум рацете и да прими што повеќе украинци во своте пазуви и зедно да споделуваме се што имаме.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор .


1163