Кроки приказ  за изборите за европскиот парламент-2024

,,Не сум тука за да ви кажам сме совршени. Не сме.,,говор на Роберта Метцола (претседател на Европскиот парламент 2019-2024) на 70 годишнината од Европскиот парламент.

Оваа година е моментот за гласање за Европскиот парламент на земјите членки на ЕУ.  Секоја земја диференцијално се подготвува за изборите, како со преставници така и со методот на делегирање на претставници во Европскиот парламент.

Изборите се спроведуваат од 6-9 Јуни во сите 27 земји членки на  ЕУ и е битна колективна одлука за претставување на земјите членки во Стразбург но и работните тела во Брисел и Луксембург. Начинот на гласање се разликува од земја до земја. Во одредени земји се гласа на гласачки ливчиња а во други електронски или на интернет.

Мандатот на европратениците е 5 години и тие ги претставуваат земјите членки (во зависност од територијалната големина и бројот на жители). Тие ги претставуваат земјите членки во Европарламнентот и е некомпатибилна функција т.е немаат право да извршуваат друга функција во институциите и организациите. Додека изборните листи се различни од земја до земја едни имаат затворени листи (без можност за менување на редоследот на кандидатите) други се полуотворени (гласачите можат да го менуваат редоследот на кандидатите на листите) и отворена листа (гласачите можат да бират кандидати од различни листи).

Различностите во изборните процеси во секоја земја членка не е проблем туку напротив придобивка за гласањето за Европарламентот.

Борбата е двојна со тоа што се избира и нова Европска комисија.

Покрај тоа се формира нов состав на Европската комисија а со тоа и на Претседател на ЕК.

Има три функции европарламент. Првата е легислативна (носење на закони), буџетска (го креира буџетот на ЕУ) и супервизија (го  контролира работењето на Европските инситуции) и воедно го преставува ,, гласот на народот,, на земјите членки.

После Брексит видоизменета е ситуацијата со бројот на  претставници од земјите членки во Европскиот парламент.

Денеска Европскиот парламент игра се поголема улога во делегирањето и носењето на одлуки кој се во интерес на ЕУ. Од година во година се зголемува бројот на преставници од  земјите членки.

 Во прилог е бројот на европратеници одделно од секоја земја членка.

Земја членкаБрој на европратеници  во периодот од 2024 до 2029Број на Европратеници во периодот од 2019 до 2024  
Германија9696  
Франција8179  
Италија7676  
Шпанија6159  
Полска5352  
Романија3333  
Холандија3129  
Белгија2221  
Грција2121  
Унгарија2121  
Португалија2121  
Чешка2121  
Шведска2121  
Австрија2019  
Бугарија1717  
Данска1514  
Финска1514  
 Словачка1514  
 Ирска1413  
 Хрватска1212  
 Литванија1111  
 Латвија98  
 Словенија98  
 Естонија77  
 Кипар66  
 Луксембург66  
 Малта66  
Вкупно720705  

Европскиот парламент е во постојани промени во однос на бројот но и на политиките кој ги спроведува ЕУ но и се поголемно влијание на барањата на ЕУ граѓанството кој брои 450 милиони. Излезноста во 2009 беше 43% а во 2014 беше 43,6 % а додека во 2019 е 50,8 % од целокупните избирачи.

Во 1979 правото на глас го имаа околу 185 милиони додека во 2009 околу 375 милони а во 2014 394 милони, додека во 2019 околу 450 милиони. Со излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ бројката е 400 милиони гласачи.

Идеолошкиот состав на Европарламентот во периодот 2019 до 2024 е следен

Дистрибуцијата на европратеници според политичката идеологија :

Европски народни партии- European Peoples Party (EPP)Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи (ПЕС) Progressive Alliance of Socialists and Democrats (S&D)Обнована ЕвропаRenew EuropeЗелени- Европска слободна алијанса Greens–European Free Alliance (Greens/EFA)Идентитет и Демократија Identity and Democracy (ID)Европски Конзервативци и реформисти European Conservatives and Reformists (ECR)The Left in the European Parliament (GUE/NGL)Non-attachedTOTAL
Белгија4243331121
Бугарија 7530020017
Чешка 5153241021
Данска1362101014
Германија3016725915396
Естонија123010007
Ирска 5022004013
Грција 7110015621
Шпанија 132194045359
Франција8723121806579
Хрвастка 4410010212
Италија 11163324901075
Кипар 220000206
Латвија 321001018
Литванија 4212010111
Луксембург 212100006
Унгарија 15200001321
Малта 240000006
Холандија6673051129
Австрија7513300019
Полска167110270052
Португалија7901004021
Романија 141071010033
Словенија 422000008
Словачка4140010414
Финска3233021014
Шведска6533031021
Вкупно1771431017260663749705

Мото на европарламентарните избори во 2024 е ,,Искористи го својот глас,,

Подготвил:

Игор Васевски

Магистрант на европски студии при Филозофски факултет, УКИМ- Скопје


1144