April 25, 2024

ВМРО-ДПМНЕ со трибина на тема “Актуелната состојба во здравството”

Денес во Битола Централната комисија за здравство во соработка со комисијата за здравство при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола реализираа средба со здравствени работници.
Се зборуваше за “Актуелната состојба во здравството” на истата активно учество зедоа доктори, медицински персонал како и поранешни доктори од битолската болница.

Одлични и продуктивни размислувања и дускусии се развија од страна на здравствените работници присутни на трибината според кои Клиничката болница во Битола изминатиот период значително е уназадена, затворени се цели оддели, а од страна на присутните беше споредена со “селска амбуланта”.

Како заклучок е дефинирана целта во вид на силен здравствен систем, за кој се обврзуваа дека ќе биде приоритет веднаш со формирање на новата Влада доколку биде предводена од ВМРО ДПМНЕ.


1128