April 17, 2024

Силјановска Давкова ЌЕ ГИ ПОМИЛУВА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ако не завршат постапките во Стразбур и тие се уште се во затвор

Силјановска Давкова ЌЕ ГИ ПОМИЛУВА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ако не завршат постапките во Стразбур и тие се уште се во затвор

Ако не завршат постапките во Стразбур, а се очекува и ако се уште се во затвор, да би ги помилувала. Јас очекував тоа да го стори овој претседател зошто тоа ќе беше влог во помирување, изјави кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова за „Вин вин“ на Телма запрашана за амнестија за осудените за настаните од 27 април.

Таа посочи дека и експерти по казнено право, но и Пендаровски има кажано дека сторените дела не се терористички акт, односно како што се тие осудени.

– Не сакам да потсетувам дека новинар ја дефинираше квалификацијата па после судот.  Тоа се луѓе кои не сакале амнестија, сакаат да ја покажат правдата, рече таа.

Силјанвоска Давкова исто така посочи да не се забораваат пресудите во Шведска и Грција.

Не ги заборавајте експртските мислења и дека имавме најчудна амнестија после онаа за 2001 година, каде сами требаше да поднесуваат барање за амнестија. Амнестијата е закон со кој сите што сториле определени дела или учествувале во тоа, со закон се амнестираат, изјави Силјановска Давкова.


1071