Приведено едно лице осомничено за нападот во Москва

Руската полиција уапси едно лице осомничено за нападот во трговски центар кај Москва, јавија локалните медиуми.

Руските медиуми јавуваат дека во нападот учествувале најмалку пет вооружени лица.

Федералната служба за безбедност претходно потврди дека во нападот во Крокус Сити Хол загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Рускиот Истражен комитет соопшти дека инцидентот го истражуваат како терористички напад.


1136