Подгответе се за летното сметање на времето – Еве кога ќе ги поместиме стрелките на часовникот

Ноќта меѓу сабота и недела на 31 март 2024 година ќе започне летното сметање на времето, кога часовниците треба да се поместат еден час нанапред.

Летното сметање на времето во 2024 година ќе започне во последната недела во месецот, на 31 март во 02:00 часот, со поместување еден час нанапред, времето во 02:00 часот ќе се смета како 3:00 часот.

На повеќето уреди (компјутери, мобилни телефони…) тоа ќе се изврши автоматски, но проверете за секој случај.

Зошто ги поместуваме стрелките?

Новозеландскиот ентомолог Џорџ Вернон Хадсон е одговорен за поместување на стрелките на часовникот.

Имено, врз основа на неговото истражување за приспособување на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека на човекот повеќе му одговара живот преку ден отколку ноќе и поради оваа причина, во 1895 година, предложил да се поместат стрелките на часовникот два часа нанапред за да се искористи повеќе од дневната светлина во текот на летото отколку попладне, пишува Fenix ​​Magazine.

Практиката на поместување на часовникот првпат ја воведоа Германците во 1916 година, а потоа и Велика Британија и САД. Во моментов, повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка го менуваат часовникот двапати годишно.


1226