April 17, 2024

Градската Дипломатија- Мит и/или реалност

Иако се смета дека градската дипломатија е понов феномен таа била присутна многу поодамна. Првите почетоци никнуваат од Античкиот период. Градовите-држави ја етаблираа градската дипломатија се со цел да се афирмираат нејзините карактеристики на глобално ниво. Атина и Спарта воспоставуваа свои мисии со други градови од европскиот континент. Развиваа воени политички и културни активности кои биле карактеристични за тој период. Покрај тоа што градската дипломатија тогаш била во зародиш, активности и мрежи развиваа. Италија во времето на ренесансата како градовите Милано и Венеција ги испраќаат своите преставници во други градови се со цел да ги равиваат односите на ниво на градови. Воспоставија постојани мисии во други градови. Развиваа политички, културни и економски односи со други поголеми градови од европскиот континент.
За почеток на градската дипломатија од средината на 17 век е Вестфалискиот мировен договор, Со него се етаблира улогата на градовите во решавање на споровите помеѓу државите. Градовите го иницираа мировниот договор и се смета како почеток на новото поимање на градската дипломатија. Датира од тогаш кога градовите станаа неутрални и демилитаризирани зони за водење на мировни преговори.
Како се развивале градовите и регионите така се повеќе се равивала градската дипломатија, не само на европско тло туку и глобално. Градската дипломатија се поистоветувала со глобализацијата, европеизацијата, регионализацијата a се именувала и како парадипломатија.
Градската дипломатија од понов датум се развивала како субститут на националната (државната) и глобалната (светската) дипломатија. Националните влади и глобалните институции иако во почетокот се спротивставуваат на градовите како актер на глобалната сцена но како се развиваа економски, политички и културно така градовите добиваа и глобалнo- инситуционална улога во дипломатијата.
Денес градската дипломатија ја развиваат метрополите (градови кој бројат повеќе милионски жители) но и помалите градови и регионите. Градската дипломатија посебна улога играа во процесот на збратимување помеѓу градовите но и помеѓу регионите предизвикан од процесот на децентрализацијата.
Градската дипломатија во 20 –от век добиваат и институционална форма како во Евроската унија но и во Обединетите нации. Градовите се поврзуваат по принципот на градови близнаци (twin city) а некаде се сретнува и како градови сестри (sister city) но и прекугранична соработка преку регионалните иницијативи.
Градската дипломатија се институционализира во 80-те години на 20-от век во рамките на организацијата Обединети градови и локални самоуправи, додека на ниво на Европа и Европската унија градската дипломатија е етаблирана во рамките на Комитетот на регионите и во Советот на Европа како Конгрес на локални и регионални авторитети.
Додека на ниво на Обединети нации се води градската дипломатија преку UNECE (Обединети нации економска комисија за Европа).
Денес градската дипломатија добива се повеќе на значење посебно во постконфликтни ситуации и градови. Се активираат НВО-ции локални, регионални и транснационални економски субјекти и истакнати поединци кој допринесуваат кон афирмација на градовите на повисоко ниво.
Градската дипломатија во 21-от век е период на градовите. Градовите стануваат мека моќ на меѓународната дипломатска сцена,. Градовите стануваат глобален чинител на дипломатската сцена.
Градската дипломатија се повеќе се развива преку разни активности било да се политички, економски и културни и водат локална надворешна политика.
Од една страна националната надворешна политика не е во можност да одговори на барањата на локалното граѓанство а од друга страна локалната заедница има посензитивни барања и сознанија за потребите на својата заедница. Од тие причини градската дипломатија е институционализирана во голем број на локални самоуправи на глобално ниво. Се поверодостојно ги претставуваат нивните афирмитети. Полесно се вклучуваат НВО-ции, националните и транснационалните компании, спортските организации, културните и академските институции а воедно ги претставуваат локалните интереси на глобално ниво. Денес градската дипломатија идентификува повеќе димензии како што се безбедноста, развојот, економијата, културата, вмрежувањето и репрезентативноста и сето тоа на ниво на поблиску до граѓанството.
Сите овие процеси се подржани на глобално ниво преку Светската асоцијација од Градоначалници (METROPOLIS) , C40 Градови, а во Европа од Евроградови (EUROCITIES). Дури 15 градови имаат свои претставништва во Брисел меѓу кои и градови од нашето соседство.
Градската дипломатија денес е се поафирмативна преку мотото ‘мисли глобално делувај локално’.

Пишува Игор Васевски
Авторот е Магистрант на европски студии при Филозофски Факултет, УКИМ Скопје


1329