April 17, 2024

13 подигнати возила со специјално возило „пајак” за погрешно паркирање на подрачје на Битола

Во текот на вчерашниот ден (30/31.03.2024) во период од 21-03 часот полициската станица за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Битола, во Битола спроведе акциска контрола за преземање на мерки и санкционирање на погрешно паркирани возила при што, со специјално возило „пајак” подигнати биле 13 возила и издадени 24 прекршочни платни налози.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.


1181