April 17, 2024

Моника Левински на голема врата се врати на сцената: Никогаш не изгледала подобро

Моника Левински на целиот свет му беше позната како љубовница на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а сега стана заштитно лице на модниот бренд Reformation.

Причините поради кои оваа 50-годишна активистка зачекори во светот на модата се, погодувате, политички – да ги поттикне жените да учествуваат на претседателските избори што годинава ќе се одржат во САД.

Моника Левински ја врати својата моќ и ги охрабрува луѓето да гласаат и тоа на модерен начин“, објави списанието Пипл.

Поранешната практикантка во Белата куќа, сега активистка, се приклучи на кампањата на брендот Reformation наречена „Ти ја имаш моќта“, со цел да ја подигне свеста за важноста да се излезе на претстојните претседателски избори.

„Гласањето е начин да се слушне нашиот глас и тоа е најмоќниот аспект на демократијата“, рече Левински.https://www.instagram.com/reformation/?utm_source=ig_embed&ig_rid=b838c35d-be6d-44e7-bedd-80d7f0605dee


1191