April 17, 2024

Лобирањето во Европа- занимање или професија

Лобирањето е нов феномен во политиколошката сфера. Тоа денес е неминовност. Неговиот историјат започнува во 19 век со разлика помеѓу САД и Европа. Иако имало исто значење различно се спроведувало.
Етимолошкото дефинирање се засновува во определување на Lobby-место во преставничкиот дом на Америчкиот конгрес, каде што се вршеле одредени влијанија се со цел да се променат одредени закони и политики кој ги донесувале преставниците и простор во холот на Британскиот парламент каде се изведувало лобирањето. Со лобирањето се поистоветуваат одредени интересовни групи, групи за притисок и лобисти. Најчесто изразени преку соодветни правно-консултантски агенции и фирми но и бивши пратеници, европратеници и конгресмени и сенатори но и бивши раководители на големи корпорации.
Лобирањето на тлото на Европа е поврзано со појавата на наднационалната институција Европска Унија. Лобирањето е нормативно регулирано и регистрирано низ законски акти како би се регулирала областа на лобирањето. Потребата од лобирање се наметна како резултат на огромната администрација која работи низ европските институции (само за пример во Европската комисија има приближно 20 000 административци ). Затоа лобистите морале да имаат преголеми познавања на законодавството на ЕУ и самата хиерархиска поставеност во рамките на Европската комисија (ЕК).
Европскиот парламент е посебен мотив за интересовните групи и лобирањето. Има повеќе од 3000 претставници лобисти и интересовните групи и дејствуваат како експерти кој ги следат седниците на Европскиот парламент и ја набљудуваат работата на одборите на ЕП. За време на заседавањата ЕП се издаваат над 200 дозволи за следење на работата на ЕП. Во нив има и над 150 лобисти. Нивната работа можи да се препознае во голем број на документи и акти кој ги донесува Европскиот парламент (ЕП).
Затоа е неопходно да лобистот добро ја познава структурата на институцијата и процесот на одлучување (decision making ) на арената на европските институции. Лобистите делуваат и на други институции но на овие две имаат најголем допринос.
Интересовните групи и лобистите можат да бидат национални, европски и меѓународни и ги покриваат адвокатски канцеларии и регионални здруженија, невладини организации. Како за пример највлијателни се европските конфедерации на автомобилската, хемиската и фармацевската. Последните две посебно се исткнаа во времето на Ковид пандемијата со процесот на лобирање низ институцииите на ЕУ. Денес е актуелно и лобирањето за границите на користење на вештачката интелегенција која зема се поголем замав. Посебно се засегнати големите информатички компании. Тие располагаат и со константна администрација.
Покрај групните има и индивидулни лобисти кој самостојно влијаат на на сцената на европските институции. Сите се внесени во Лоби регистарот (EU Transparency registration) и широко им се отворени вратите на ЕУ институциите. Лобирањето во Брисел, Стразбург и Луксембург е неформално, компромисно и влијателно на службениците и чиновниците во процесот на донесување на одлуки но понекогаш се лобира и на самите комесари. Тие дури и му помагаат во собирањето на прави информации. Се креираат семинари, прес конференции и се креираат лични контакти за време на вечерите и доручеците бидејќи само тогаш имаат слободно време и ретко можат да се примат во нивните канцеларии.
Лобирањето во ЕУ е директно поврзано и со меѓународните институции, посебно со Меѓународната трговска организација (World trade organization) поврзано со економските , политики, стопанството и внатрешно-трговските размени на ЕУ на глобално ниво.
Денес се претпоставува дека има околу 25 000 лобисти кој работат со ЕУ институциите. Главен град на лобирањето во ЕУ е Брисел. Тука им е седиште на лобистите, интересовните групи и групите за притисок.
Лобирањето е глобален пристап и е различно регулирано од земја до земја членка на ЕУ, но го користат сите 27 членки. Штитејќи ги националните интереси над наднационалните но понекогаш и во интерес на политиките на ЕУ.
Лобистите, лобирањето, интересовните групи и групите за притисок се и занимање и професија на тлото на Европа но и глобално.
Пишува Игор Васевски
Магистрант на Европски студии при Филозофски факултет, УКИМ Скопје


1098