Дубаи набавува повеќе од 100 ЛЕТЕЧКИ автомобили (ФОТО+ВИДЕО)

Компанијата Avitera од Дубаи нарача повеќе од 100 летечки автомобили кои ќе ги превезуваат жителите на луксузната престолнина на светот кога ќе влезат во употреба најдоцна во 2025, 2026 година.

Холандскиот PAL-V ќе произведува и испорачува двоседи кои ќе можат да се движат низ земјата, но и да се претворат во авиони доколку е потребно.

Клиент е Avitera, компанија ќерка на авиокомпанијата Jetex, чиј план е на жителите на Емиратите да им понуди решение за лесно да стигнат до посакуваната дестинација.

Муханад Вада, генерален директор на Avitera, наведува дека се работи за автомобил кој може да се паркира на обичен паркинг.

„Ќе можете да го возите на земја и ќе можете да го претворите овој автомобил во летечко возило во рок од две минути. Потребна е писта, тоа е пат од 120 метри за да може да полета и да се искачи на максимум 3.400 метри. По слетувањето, можете да го возите како обичен автомобил до вашиот дом или друга дестинација. Ќе го користи истото гориво што се користи за обичните автомобили. Значи, тоа е возење автомобил со авионски мотор на патот“, објасни Вада во интервју за Khaleej Times.

PAL-V Liberty, познат како првиот вистински летечки автомобил во светот бидејќи е комбинација од жироплан и автомобил, ја решава потребата да се патува независно од преоптоварените патишта и ја подобрува флексибилноста на патувањето.

Со досег од 500 километри и максимална брзина од 180 километри на час, овој летечки автомобил го намалува времето на патување до работа или која било друга дестинација.

Дубаи и Абу Даби преземаат водечка улога во решавањето на предизвикот од таканаречената последна милја, односно стигнување до крајната дестинација која е подалеку од аеродромот и не може да се стигне со комерцијални или приватни летови.

PAL-V conducted tests using several real-life scenarios to test the driving stability of their flying car at Twente Airport

𝘛𝘸𝘦𝘯𝘵𝘦 𝘈𝘪𝘳𝘱𝘰𝘳𝘵: 𝘓𝘪𝘷𝘪𝘯𝘨 𝘓𝘢𝘣 𝘧𝘰𝘳 𝘚𝘶𝘴𝘵𝘢𝘪𝘯𝘢𝘣𝘭𝘦 𝘈𝘪𝘳 𝘔𝘰𝘣𝘪𝘭𝘪𝘵𝘺 pic.twitter.com/IVlbL35jFo— Twente Airport (@twenteairport) February 24, 2023

Неодамна Дубаи потпиша договор и со американската компанија Joby Aviation за управување со секторот за воздушно такси во следните шест години.

Вада открива дека нивните летечки автомобили првично ќе се користат за приватна и државна употреба. Но, пред тоа идните возачи (или пилоти) на вакви возила ќе мора да поминат специјална обука која ќе трае неколку месеци.

„Очекуваме дека овој летечки автомобил ќе биде претставен на крајот на 2025 година или во текот на 2026 година“, изјави директорот на Avitera.

Коментирајќи ги трошоците за нарачаните летечки автомобили, Вада рече дека возилото ќе чини речиси 10 отсто од возењето со хеликоптер, а оперативните трошоци исто така нема да надминат 10 отсто од вредноста на хеликоптерот.

Извор: РТС

Фото: принтскрин


1275

Задолжително

Verified by MonsterInsights