МИРКА ГИНОВА – ИНСПИРАЦИЈА И ВИЗИЈА ЗА ДЕНЕШНИТЕ ЖЕНИ

Одбележувањето ќе биде на 13 април 2024 година, сабота, со почеток во 19 часот, во сала 2 на Ресторан “Вавилон“ во Битола.

Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН Александар Јаневски, Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓија Сајкоски носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата “Твоја Македонија” во Изборната единица 5.

Со тапани и егејски сплет од песни и ора ќе настапат играорците на Ансамблот за фолклор “Гоце Делчев“ од Битола, вокалната солистка Ирена Димовска Митревска со групата “Код 369“ ќе ја отпее песната “Море чупи Костурчанки“, а стихови за хероината Мирка Гинова ќе рецитира актерката Јулијана Мирчевска, која истовремено ќе биде водителка на програмата.

За вечен помен и спомен на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, за македонската голгота од таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година, пред присутните ќе се емитува и кус документарец.

Настанот е во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Унијата на жените при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола, ќе се одбележи 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, 76 годишнината од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 108 годишнината од раѓањето на хероината Мирка Гинова како инспирација и визија за денешните жени-политичарки во Македонија.

Влезот е слободен за сите добронамерници.


1118