Пеце Милевски: Битолчани заслужуваат подобра инфраструктура

Излагање на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ , претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Пеце Милевски:

Битолчани заслужуваат подобра инфраструктура, за безбедно и непречено да можат да ги извршуваат своите обврски.
Со ваквата заложба и голем број проекти и приоритети, ВМРО ДПМНЕ, пред две години започна да ја води локалната самоуправа и да ги менува условите во општината.
Еден од тие проекти, е и повеќегодишното барање на граѓаните за овозможување соодветен пристап на улицата до Светонеделските гробишта.
Конечно, оваа улица е реконструирана во должина од 1 километар и 453 метри и инвестиција на Општина Битола од 24.400.000 денари.
Слушајќи ги потребите на граѓаните, создадовме промени, подобрувајќи ги условите и безбедноста за сообраќај на уште една фреквентна локација.


1115