„Битолскиот камерен оркестар“ на 28 април ќе свири „Македонска рок симфонија“ во Битола

„Битолскиот камерен оркестар“ ќе одржи концерт насловен „Македонска рок симфонија“ на 28 април од 19 часот во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“. Најголемите светски рок хитови во придружба на оркестарот ќе ги пеат Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет.

Камерниот оркестар на Битола има организирано сличен фестивал на отворено со три вечери: рок, поп и електро симфонија, на кој гостуваа македонски и ексјугословенски поп и рок ѕвезди. На 13 април, Камерниот оркестар одржа концерт со најголемите Ем-Ти-Ви хитови во Националната опера и балет, кој беше еден од неговите најдобри досега.


1170