May 13, 2024

23 година од загинувањето на хероите кај Вејце

Денес се одбележуваат 23 година од нападот кај тетовското село Вејце во кој осум припадници на специјалните единици на МВР ги положија своите животи во одбрана на татковината.

Загинаа Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Осумтемина загинати бранители, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.


1093