ЕУ НИ ПРАЌА ГРК ЗА АМБАСАДОР

Фамозната “меѓународна” заедница, во случајов Европската Унија, продолжува со омаловажување на нашата земја со потези што тешко можат да се разберат, а камо ли да се прифатат како разумни и коректни!.

Последен таков потез, според мене, е номинирањетп на Гркот Михалис Рикас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија кој ке го замени досегашниот амбасадор Гир!? Да бевме веќе членка на ЕУ, а не сме, тоа ке беше сосема нормален потез бидејки така функционира дипломатијата на ЕУ: секоја членка става на располагање свои дипломати и тие се распоредуваат – по избор на Високиот претставник за надворешна политика (но секако и под влијание и притисок од членките зависно од нивните интереси) и безбедност во земји и мисии во кои ЕУ има свои дипломатски претставништва.

Но испраќање Грк за амбасадор на ЕУ во Македонија, според мене, ми мириса (!?) по малку и на провокација! Иако со тој сосед владата во заминување постигна некаков договор (што го нарекувам: капитулација поради штетите и последиците што ни ги нанесува во континуитет, сепак со Грција има сеуште многу отворени прашања (неовозможување на македонците да го учат и употребуваат својот мајчин македонски јазик; невозможност на протераните да си ги повратат своите имоти, имиња и безброј други проблеми), се поставува прашање за какви “eвропски” вредности и стандарди ќе се залага еден Грк, па макар бил и со титула амбасадор, кои самите тие   во Грција не ги почитуваат (непризнавање на македонско малцинснство, на пример!).

Гестот на ЕУ со оваа номинација го сметам за не фер и не баш пријателски, тоа е мојот личен став. Предлагам новиот министер на надворешни работи во новата влада што е сосема извенсно на повидок, со молк и нереагирање да се постават, што ќе значи недавање агреман на новиот амбасадор. Толку и точка!!! Ако е и од ЕУ, многу е. Навистина претераа!!!

Наместо да му продолжат мандат на сегашниот амбасадор, Ирецот г. Гир, кој зрачеше со позитивна енергија овие неколку години, ЕУ сега повторно го сврти тркалото кон игноранција и понижување на Македонија. Штета, но за жал така е.

Нешто слично ни направи и НАТО кога бевме кандидат за членство и кога ни пратија за нивен претставник Бугарин (ако не се лажам  отслужи во континуитет дури три мандати) и тоа – замислете: полковник на подморница. Што и како работеше подморничкиот полковник не знам, но гестот не го сметам за пријателски и коректен, за жал.

Но повторно ќе нагласам: да бевме членка и во алијансата и во ЕУ би биле сосема нормални вакви номинации, но да пратиш амбасадор од земја со која имаме премногу отворени прашања според мене е провокациоја и останувам на тој став.

2. На денешен ден во Солун беа извршени познатите Солунски атентати од група млади македонски револуционери со цел да се скрене вниманието на меѓународната јавност за злосторствана од отоманската власт над македонското население. Атентатите беа вовед и во славното Илинденско востание кое трагично заврши со невиден погром и иселување на цивилното население ширум Македонија.

Поголем дел од атентаторите загинаа во многуте акции против отоманската власт, а дел од нив завршија по затвори осудени на доживотна робија.

Примерот на солунските атентатори треба да биде патоказ на секој Македонец како се сака татковината и за саможртвата за таа идеја.

Нека им е вечна слава и памјат, почит и благодарност!

3. Несудениот нобеловец Зоран Заев е во поисета на САД,. Зошто – како, никој не знае!

Но јас претпоставувам дека неговипе патрони што го донесоа на власт го викнале на пеење вп што воопшто не се сомневам, но не ќе де е за нешто арно!? Ке праште зошто? Па истите патрони и го доинесоа лицето З.З. на власт со шарените револуции, аферата со прислушкување на приватни телефонски разговори и многу дуги, се со цел да се собори легалната и на избори избрана патриотска влада на Никола Груевски. Како за илустрација да потсетам: некои наши портали одбавија во 2016 година дека лицето Зоран Заев пешки поминувал преку граничниот премин Дпојран-Дојрани,  а на грчката страна го чекал автомобиол, и дури утредента се враќал преку преминот Богордица кај Гевгелија. Интерсесно, зарем не!? Па каде одел Зиоран Заев? Одел на пеенје и инструктача како да одработи за ЦИА и слични подземни структури како да се собори патриотската злада, и да се инсталиура режим што систематски, по сите линии, ќе ја уништува  македонската нација и Македонија како држата! Е, тоа е Зоран Заев и тоа е суштинара на неговата мисија во Вашингткин кај (небаре!?) нашите стратегиски партнери!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор


1135