ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА КАПИТАЛНИОТ ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ПРОТИВПОЖАРЕН ДОМ ВО БИТОЛА
Градоначалникот Коњановски, заедно со стручните служби од општината изврши увид на почетните активности, со кои теренот ќе биде подготвен, веднаш да започне изградбата на новиот објект кој согласно проектната документација предвидува 1600 м² новоизградена површина. Објектот ќе ги исполнува современите стандарди за ваква градба, ќе има приземје, кат, гаража и простор за седум противпожарни возила и ќе овозможи соодветни услови за вработените во територијалната противпожарна единица, која го покрива регионот на општините Битола, Новаци и Могила.
Вкупната вредност на склучениот договор за изградба на новиот противпожарен дом изнесува 52.824.773 денари.