ПРОМОТИВЕН ХЕПЕНИГ НА КЈК БУКЕФАЛ-БИТОЛА

КЈК – Букефал ги поканува граѓаните на промотивен настан на коњаница КЈК – Букефал како и на запрежните возила – пајтон, чеза и црешово топче. На настанот ќе имате можност да се запознаете со нивната дејност, како клуб и воедно да се дружите и забавувате со се што ќе е изложено.

Којничкиот клуб располага со 30 коњи и воедно е најголемиот клуб во градот и пошироко.
Во нивните активности се вклучени повеќе организирани настани како што се:
-чествување на “Илиндеското востание”, заедно со коњаниците од Бигорската коњаница- Патот на црешовото топче;
-чествување за нашиот битолски војвода Ѓорѓи Сугарев – с. Паралово;
-чествување за Христо Узунов – с. Цер;
-чествување за битката на Маргара – с.Чаништа;
-чествување за загинатите борци кај село Вејце 2001-ва година-трка за Македонија;
-чествување за осветување на манастирот Св.Петка с. Мусинци;
-чествување на празникот Преображение на Господ Исус Христос во с.Буково;
-чествување за могилскиот војвода Димче Могилче;
-чествување на Ѓурѓовден во с. Велушина-манастир с.Ѓорѓи;
-чествување на Мирка Гинова и соработка со здруженијат на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
-учество на уште многу други настани и организации од хуман карактер како и крводарителски акции.
-Организирани планински тури на повеќе локаци, обуки за јавање како и обуки за коларство.

Ова е само мал вовед од коњичко – јавачка приказна со која ќе се запознаете на настанот.


1725

Задолжително

Verified by MonsterInsights