Калиопи го промовираше својот нов „Албум“ со неколку видеоспота

Македонскат поп дива Калиопи Букле денес, среда, 29 мај 2024, точно напладне во еден од најелитните скопски реаторани го промовираше своето најново дискографско аудио чедо едноставно насловено „Албум“. „Албум“ – от содржи 10 песни, од кои неколку се веќе познати и излегоа како претходница на новиот материјал, како на пример „Кад осване“ или дует песната со Жељко Самарџиќ насловена „Знам“, додека останатите се сосема нови и за нив се се изработени и видеоспотови.

Видно возбудена, но и радосна и пресреќна пејачката пред рекордниот број присутни соработници, претставници на медиумите, спонзори, помагатели, пријатели… најпрвин сите ги поздрави, претстави материјалот, екипата со која соработувала на песните и видеата, а потоа го повика нејзиниот долгогодишен соработник, автор и музички продуцент Ромео Грил, кој за оваа пригода допатува специјално од Швајцарија каде живее и работи долги години.

По кратката конверзација, Калиопи најави дека присутните ќе имаат ексклузивна можност да ги преслушаат сите песни од нејзиниот нов „Албум“, а во исто време и промотивно видат снимените видеа за шест песни од албумот. Инаку целокупниот материјал како композитор го потпишува Ромео Грил, кој и самиот е аранжер на песните и музички продуцент на албумот, а воедно и свири клавијатури и бас гитара, но бил и задолжен за програмирањето. Стиховите за дел од песните исто така ги напишал тој, дел самата Калиопи. Покрај споменатиот Жељко Самарџиќ, во песната „Казана“ гостува Марко Маринковиќ Слаткаристика кој е ио коавтор на текстот за истата.


1105