Иџе освои второ место: „Ја сакам оваа игра“!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе финишираше на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со своето Ферари денеска беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди.

Трет заврши Никола Вервер од Франција.

Се пофали на својот Фејсбук профил и напиша: „Ја сакам  оваа игра“.


1088