Борко Ристовски ќе биде Министер за Спорт

Македонија добива Министерство за спорт кое ќе има задача да донесе напредок во македонскиот спорт кој не е на некое завидно ниво во последните години.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нов премиер на Владата, Христијан Мицкоски помеѓу останатите министри го потврди и министерството за спорт најавувајќи и дека Борко Ристовски ќе застане на чело на ова ново министерство.

„ Борко Ристовски ќе биде на чело во новото Министерство за спорт“, потврди Мицкоски.

Ќе потсетиме, Ристовски во овој момент извршува и функција во раководството на РК Вардар.


1195