Трамп побара Бајден да биде тестиран за стимуланси пред дебатата на Си-Ен-Ен
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара актуелниот американски претседател Џозеф Бајден да биде подложен на тест на стимуланси пред првата претседателска дебата во четврток на Си-Ен-Ен.
„Тест на лекови за нечесниот Џо Бајден??? И јас би се согласил на еден!!!” напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ откако тој и неговите сојузници постојано сугерираа дека Бајден (81) ќе биде под лекови за време на форумот во Атланта, објави „Њујорк пост“.
Бајден е во изолација од минатата недела во претседателскиот центар во Кемп Дејвид во западен Мериленд, што доведе до мрачни сугестии од републиканските кругови за тоа што може да вклучува подготовката за дебата на актуелниот претседател.
„Не постои универзум во кој (Бајден) нема да биде на лекови пред дебатата. Ако сака да негира, треба да понуди тест за недозолени супстанци, но сите знаеме дека нема да го стори тоа“, изјавил за порталот еден советник на Трамп.