Холандија и Англија се првите полуфиналисти на ЕУРО 2024

Репрезентацијата на Англија тешко се пласира во полуфиналето на Европското првенство (ЕП). „Гордиот албион“ успеа да ја совлада Швајцарија по пенали. Регуларниот дел заврши 1-1, а во шутевите од белата точка поуспешни беа Англичаните со 5-3.

Првото полувреме, слично како и на голем дел од другите четвртфинални мечеви, не донесе премногу возбудувања на двете страни. Ривалите не прикажаа особен интерес за сериозна офанзива, иако Англија за нијанса делуваше малку поконкретно. Се обиде еднаш Букајо Сака, а на спротивната

И второто полувреме започна со иста слика на теренот. Англија воопшто не делуваше дека има моќ да го сруши ривалот, додека Швајцарците полека започнуваа да ја пренесуваат топката на противничката половина. Не може да се каже дека имаа некоја сериозна иницијатива, но во периодот околу 70. минута веќе беше очигледно дека Англија повторно може да се доведе во проблеми.

Швајцарија одигра една бавна акција по десната страна, топката стигна до Ндоје, кој ја уфрли во петерецот, а таму беше Брел Емболо. Напаѓачот на Монако успеа да ја закачи топката и ја смести во мрежата на Пикфорд, носејќи ерупција кај своите навивачи на трибините. Англија повторно беше во шок по 75 минути игра, а Сатугејт реагираше веднаш со уфрлање на Шо, Езе и Палмер.

Сепак, „трите лава“ не дозволија да бидат психолошки срушени, а за тоа се погрижи Букајо Сака, кој со прекрасен удар од дваесетина метри успеа да донесе израмнување само пет минути подоцна. Англија доби голема мотивација за остатокот од мечот и тргна по брз комплетен пресврт, но шансите на Езе и Белингем останаа без реализација, по што стана јасно дека мечот ќе заврши со конечни 1-1 и ќе замине во продолженија.

Почетокот на дополнителното време започна со одличен обид на Деклан Рајс, но првиот тест за Јан Зомер на голот беше повеќе од успешен. Англија малку ја презема иницијативата и се чинеше како да сака да го заврши мечот пред пенал-рулетот, но не успеваше. Пред крајот, Пикфорд ја спаси Англија по шут на Шаќири и следеа пеналите.

Пенал-серијата ја отвори Кол Палмер со гол, а потоа Пикфорд му фати шут на Аканџи. Следниот шут го погоди Белингем, Шер првпат стрела за Швајцарците, па следеа голови на Сака и Шаќири за 3-2. Во следната серија Тони даде за 4-2, Амдуни погоди за 4-3, а меч-топката ја искористи Трент Александер Арнолд.

За разлика од претходните три, на последното 1/4 финале во Берлин вечерва имаше повеќе од два гола, имаше драма, многу шанси и најважно имаше победник во регуларниот дел. Холандија е последниот патник во полуфиналето на ЕВРО 2024 година, откако со пресврт во вториот дел ја совлада храбрата Турција со 2-1, и си закажа дуел со Англија за пласман во финалето.

Одличен почеток на Холандија, но не го круниса со погодок, а потоа минути за Турците, кои успеаја да ги израдуваат многуте навивачи кои беа на трибините во Берлин. Во 35. минута по центаршут на Гулер, Акајдин со глава го совлада Вербруген. Холанѓаните како да беа во шок, па не успеаја да дојдат до посериозна шанса во првиот дел.

Во второто полувреме „лалињата“ заиграа како што посакуваат, но и Турција опасно се закануваше на 2-3 пати. Конечно, Де Врај успеа со глава да го совлада Гунок и да донесе израмнување во 70. минута од средбата. Холанѓаните беа во налет, и тоа го искористија само пет минути подоцна, откако погоди Гакпо за водство на портокаловите.

Турција нападна да постигне гол во последните 15 минути, имаше можности, но немаше реализација. Одбраната на Холандија успеа да издржи и да се радува на пласман во полуфинале.


1126